Општинската организација на Црвен крст Куманово, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, ги повикува сите стари, изнемоштени лица и лица со намален функционален капацитет од Општина Старо Нагоричане на кои им е потребна помош во секојдневното функционирање да се пријават за користење на услугата.
Услугата „Помош и нега во домот“ ќе се спроведува на територијата на Општина Старо Нагоричане и е поддржана од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка, во рамки на развојот на социјалните услуги во заедницата.
Право на користење на услугата имаат лица кои:
- се на возраст над 65 години;
- живеат сами или во домаќинства со ограничена можност за грижа и поддршка;
- имаат намалена подвижност, хронични заболувања или здравствени состојби кои го отежнуваат самостојното извршување на секојдневните активности;
- имаат потреба од поддршка за одржување на лична хигиена, хигиена на домот, набавка на намирници и лекови, придружба до здравствени установи и други активности од секојдневниот живот.
По поднесувањето на барањето ќе биде извршена проценка на потребите на кандидатите согласно утврдените критериуми за користење на услугата.