Во сообраќајна незгода повредени се двајца млади кумановци во Сопот. МВР информира дека вчера напладне во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано 19 годишен кумановец и мопед, управуван од малолетник од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.
Според МВР, во незгодата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот од селото Горно Којнаре, кумановско, констатирани во Општа болница во Куманово.