Две лица се повредени викендов во сообраќајна незгода со мотор во близина на Ново село.
Според МВР, на 24.08.2024 околу 10.00 часот во полициска станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Стража во близина на с. Ново Село од патот излетал мотор „сузуки“ со кумановски регистaрски ознаки, управуван од 30- годишен кумановец и 23-годишна сопатничка , исто така од Куманово. Во незгодата како што соопштија од МВР, двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.