Седумдесетгодишен велосипедист од Куманово бил тешко повреден откако во него удрил сограѓанин со мерцедес.
Според МВР, викендов е пријавено дека на ул. „Народна револуција“ и бул.„3-та Македонска ударна бригада“, патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 54-годишен кумановец удрило во велосипедистот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По несреќата повредениот бил пренесен во Општата болница Куманово, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.