Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 18:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Перо Чичо, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишна кумановка и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од 49-годишен кумановец.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека жената била повредена и се здобила со телесни повреди. Повредите кај двајцата биле констатирани во Општата болница Куманово“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Куманово.