Отстранета е блокадата на патот кон депонијата Краста кај селото Пчиња. Камионите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повторно го собираат, изнесуваат и депонираат отпадот од градот на депонијата, информира Александар Илиевски, претседател на МЗ Пчиња.
„Иако блокадата денеска е отстранета, ние остануваме на нашите барања кои што им ги упатувавме на надлежните локални и институции на централно ниво изминатите шест месеци. Имавме конструктивни разговори за надминување на проблемот и очекуваме дека соработката со Општина Куманово ќе биде уште посилна.Им се извинуваме на граѓаните на Куманово за предизвиканата состојба изминатите денови, но сите ние го дишеме истиот воздух. Ние не излеговме да блокираме само за жителите на Пчиња и соседните села, тука за граѓаните на цело Куманово“, изјави Илиевски.
Градоначалникот Максим Димитриевски на социјалнмите мрежи денеска напиша:
-Вчера вечер остваривме средба со представниците на с.Пчиња. Се разговараше конструктивно за надминување на проблемите. ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово со помош на Општина Куманово и општествено одговорните компании продолжува со санација на депонијата Краста и унапредување на состојбата на депонијата и други мерки по предлог на жителите на Пчинскиот регион.
Инаку, Општинскиот штаб за заштита и спасување и вчера одржа состанок, ан кој беа донесени заклучоци, предлози и мерки:
1. Сите институции во рамки на сопствените надлежности а во взаемна координација, да ги превземат сите законски мерки за деблокирањето на депонијата Краста заради непречено одлагање на сметот од градот;
2. МВР – СВР Куманово да се отповика на барањето на ЈП „Чистота и Зеленило“ за координираност и отварање на коридор на депонијата ,,Краста‘’ за депонирање на отпад;
3. Центар за јавно здравје – Куманово да изготви информација за актуелната состојба и насоки за превентивно делување на Штабот во делот на спречување на евентуалните последици, што би можеле да настанат од нередовното собирање и депонирање на сметот, на територија на Општина Куманово;
4. Веднаш со континуирано и константно присуство на градежна механизација, да се врши третирање на депонираниот смет заедно со земја од страна на ЈП „Чистота и зеленило“;
5. На дневна основа да се врши дотур на градежен материјал од страна на општествено одговорни компании и истиот да се разастира над површината на дневно донесениот смет од ЈП „Чистота и зеленило“;
6. Дополнително да се постави одреден број на камери за видео мониторинг на депонијата кои ќе покриваат влез, излез и пристап на депонија „Краста“, бидејќи веќе поставените се во недоволен број;
7. Да се постават термовизиони камери преку кои ќе се врши дополнителен мониторинг на депонијата;
8. Дополнително да се зајакнат стражарски служби и физичко обезбедување на депонијата, за да се спречи влез на неовластени лица;
9. Да се санираат делови од уништената заштитна ограда околу депонијата и на делови каде што нема ограда, да се постави нова;
10. Се задолжува Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово, во соработка со месното население, да формира мониторинг група (еко патрола), во состав од претставници на месните заедници и невладини организации во с.Пчиња, с.Студена Бара, с.Вак’в и с. Винце, која во соработка со претставници на јавното претпријатие, ќе врши неделен мониторинг на состојбата на депонија “Краста“;
11. Да се изврши дезинфекција на сите локации за собирање на смет, по план и препорака од страна на Центар за Јавно Здравје Куманово;
12. Се задолжува ЈП „Водовод“ Куманово, да изврши контрола на сите сливни решетки и шахти за одводнување на атмосферски води а дококу е потребно, чистење, санирање или замена на истите, заради обезбедување на функционалност