До општина Куманово досега се поднесени вкупно 96 барања од граѓани за претрпена штета од обилните врнежи дожд и невреме, кои ја зафатија територијата на општина Куманово. Во барањата се наведени следниве типови на штета: земјоделско земјиште со насади, недвижен имот, движен имот. Пријавени се следниве локации каде што има претрпена штети: рурални средини: Косматац, Шупљи Камен, Зубовце, Биљановце, Четирце, Љубодраг, Романовце, Довезенце, Ново село, Умин Дол, Режановце, Орашац, Речица, Доброшане, Горно Којнаре, Черкези, како и повеќе локации во градското подрачје.