Седум интервенции на пожарникарите од Куманово и општина Старо Нагоричане во текот на вчерашниот ден.
Екипите на територијалната противпожарна единица од Куманово синоќа околу 23 часот интервенирале на наплатата рампа Романовце на автопатот Куманово- Скопје, информираат надлежните од Регионалниот центар за управување со кризи. Според дневниот билтен, причината за пожарот била неисправна електрична инсталација. Останатите три интервенции биле на опожарена сува трева во близина на ресторан Хавана, каде што како причина се наведува човечки фактор и во селата Зубовце и Агино село.
Опожарен електричен столб и сува трева во текот на вчерашниот ден биле гаснати во селото Младо Нагоричане, а сува трева горела и во селата Облавце и Ругинце каде што интервенирале пожарникарите од територијалната единица од Старо Нагорчане.