Пожарот во Жељувино активен, локализирани се пожарите во Дренак и Челопек

Се уште е активен пожарот во пределот на селото Жељувино на подрачјето на општината Старо Нагоричане. Зафатена е нискостеблеста шума и трева, додека пожарите во селата Дренак и Челопек се локализирани, информираат утринава од Територијалната противпожарна единица од општина Старо Нагоричане.

– Пожарите во Дренак и Челопек се локализирани, но сѐ уште будно се следи состојбата на терен, велат од ТППЕ Старо Нагоричане.

Од Регионалниот центар за управување со кризи соопштуваат дека пожарот во селото Дренак бил на непристапен терен, а возилата на противпожарните служби можеле да се доближат само на околу три километри до местото каде гори. Огнот бил локализиран ноќва во 02:30 часот, велат од РЦУК.

Коментари

коментар(и)