Показна вежба за прва помош

Општинската организација на Црвениот крст на Куманово во соработка со Исламски младински форум одржа показни вежби од областа на прва помош. Во активноста учествуваа обучени волонтери по прва помош од екипата по прва помош од Клубот на млади. Настанот се одржа во Основното училиште ,,Бјарам Шабани‘‘, а присуствуваа 60 ученици од деветто одделение од сите основни училишта од Куманово.

Коментари

коментар(и)