Почнаа подготовките за Европски ден на спортот

На иницијатива и под покровителство на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, во соработка со Секторот за образование, а во организација на Општински сојуз на спортови, Општински сојуз на училишен спорт и Здружението на спортски педагози Куманово, се одржа првата работна средба за успешна организација и реализација на активностите по повод Европски ден на спортот 2021 во училиштата.

Овој настан традиционално се одржува во рамките на Европска недела на спортот, а оваа година општина Куманово е град домаќин на манифестацијата, која ќе се одржи на 24-ти септември.

На работната средба присуствуваа претставници од општинските основни и средни училишта, на кој беа договорени начините на организирање физички активности и заедничка масовна организација на отворен спортски терен со ученици од училиштата.

Целта е промовирање и усвојување на здрави навики кај децата, подобра емоционална состојба по пандемијата со Ковид-19, како и исполнување на потребата за другарување и социјализација. На европско ниво организатор и покровител е ЕУ, Европска федерација на спортски педагози и Унгарската Федерација на училишен спорт, а национален координатор на проектот веќе две години по ред е Федерацијата на спортски педагози на Република Македонија.

Коментари

коментар(и)