Почна олабавувањето на мерките

Од денеска почнуваат со работа трговските центри, спортските и други обложувалници преку шалтер, центрите за едукација, обука и семинари за возрасни, автошколи, автоиспитни центри. Во моловите се уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Тие ќе работат со ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени.

Ова е согласно планот што вчера го донесе Владата за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба.

– Од Комисијата за заразни болести имаме јасни укажувања дека влегуваме во период кога се очекува дополнително опаѓање на интензитетот на ширење на вирусот, што ја отвора можноста за попуштање на мерките, по крајно прецизни критериуми. Мерките не само што дадоа добри резултати, туку  ги зајакнавме и медицинските капацитети, повеќе од тоа што беа на почетокот“, рече Оливер Спасовски, претседател на Владата

Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење. 

-Втората фаза како транзициона фаза е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачани мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на Ковид-19. Третата фаза предвидува потполно враќање на редовниот работен процес, со почитување на основните превентивни мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање. Ова значи дека дури во третата фаза, кога ќе воспоставиме целосна функционалност во сите сектори, нашите обврски ќе продолжиме да ги извршуваме во поинакви услови согласно новата реалност, со што новото секојдневие станува и наша нова нормалност, рече Спасовски

За да се постигне максимална заштита, ќе се применуваат посебни протоколи за работа на секоја од дејностите. На пример, дејностите кои се занимаваат со одржување на состаноци, седници, обуки, семинари, конференции и настани ќе можат да ги спроведуваат своите настани во ограничено времетраење од најмногу шест часа, со задолжителна пауза, на секои два часа. Просторијата ќе мора задолжително да се проветрува, а по завршување на настанот, таа да се исчисти и дезинфицира со средство кое делува на вируси. Максимум до 30 лица може да присуствуваат на конференциите на органите на управување.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)