Пошта ќе ги носи пензиите до дома

Пошта на Северна Македонија продолжува со практиката за носење пензии до домот на корисниците, објави Фактор.

Директорот Јани Макрадули објави дека тоа го прават со најниски провизии од сите на финансискиот пазар. Пошта е инаку партнер на „ХАЛКБАНКА“ и „НЛБ Банка“ за исплата на пензиите на дом. Оваа услуга ја покрива целата територија на државата, а се носат пензии во различни суми.

Надоместокот за исплата на пензии до 5.000 денари е 70 денари. За тие од 5.001 до 9.000 денари е 100 денари. Провизијата за суми од 9.001 до 15.000 денари е 130 денари, а за пензиите над 15.001 денар изнесува 160 денари.

Коментари

коментар(и)