Во организација на Здружението на пензионери „Куманово„ – Куманово – Комисијата за култура во понеделник ќе се одржи првиот меѓународен и регионален фолклорен фестивал, на кој е плранирано учество на фолклорни групи и друштва од неколку здруженија од регионот и соседна Република Србија.
Драги пензионери и сограѓани, чест и задоволство ќе ни биде доколку ги проследите нивните настапи и ги наградите со аплауз, се вели во соопштението од пензионерите.
– Во 10,30 часот предвидено е дефиле низ центарот на градот и заедничко оро пред бистата на батко Ѓорѓија, а фестивалот ќе започне во 11 часот пред платото на Центарот за култура.