Предлог-иницијатива кумановци од плоштад да ја бодрат репрезентацијата

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата предлага градоначалникот и општината, согласно можностите и ресурсите да организираат на плоштадот заедничко гледање на утрешниот натпревар на македонската репрезентација, за пласман на светското првенство во Катар.

-Куманово обединето со поддршка за успех на македонските фудбалери! Да ги извадиме знамињата, да ја испееме во еден глас химната македонска и да покажеме единство за уште еден успех и победа-напиша координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Доцевска Божиновска.

Коментари

коментар(и)