Предновогодишен концерт на учениците од „Панче Пешев“

Нижото музичко училиште „Панче Пешев“ организира предновогодишен концерт за своите ученици. Концертот ќе се одржи утре во 12 часот во Занаетчискиот дом. Истиот се организира со поддршка на Фондацијата за култура и спорт, во рамки на предновогодишната програма. Сите заинтересирани граѓани можат да ги слушнат младите ученици.

Коментари

коментар(и)