Анита Стојчевски, кустос советник етнолог вчеравечер го промовираше долгометражниот документарен филм „Последна карта“. Најновиот филм од авторката Стојчевски беше прикажан во лапидариумот на НУ Музеј Куманово, во рамките на одбележувањето на „Европски денови на културно наследство 2025“.
-Филмот го работев многу години, истражував, поради одредени оправдани причини. Годинава целосно го завршив со монтажа, музика. Филмот е посветена на ергените од козјачијата кои заминуваат и бараат невести во Албанија, со кои склопуваат брак. Опфатени беа повеќе села Длабочица, Алгуња , Младо и Старо Нагоричане, Довезнеце. Тешко беше да се заврши филмот, поради непристапен терен. Имавме интересни ситуации, изјави м-р Анита Стојчевски, кустос советник етнолог
Стојчевски досега има осум краткометражни филмови со кои учествува насекаде во Европа, дел од нив наградувани на домашни и европски фестивали.
Проектот „Последна карта“ е поддржан од Министерството за култура и туризам и Општина Куманово.