Претрес во Куманово, пронајдени хероин, кокаин, крек

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово лишиле од слобода 43-годишен кумановец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, бела кристална материја – крек, марихуана и две дигитални ваги со остатоци од различни видови дрога.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

– По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на полицијата.

Коментари

коментар(и)