Претседателката на Советот на општината на средба со членови на оркестaрот во гимназијата

Претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Секторот за образование, Ивана Ѓорѓиевска и Александар Јовановиќ денеска одржаа работна средба со професорот Филип Петровски и членовите на оркестaрот при СОУ Гимназија „Гоце Делчев“. На средбата се дискутираше за претстојните музички манифестации во градот, а членовите на овој оркестар имаа можност да ги презентираат своите идеи и искуството, стекнато од досегашните девет настапи. На денешната работна средба беше најавена и организација од нивна страна на одбележувањето на Св.Трифун.

Коментари

коментар(и)