Од дневниот билтен на СВР Куманово ги издвојуваме следните настани:
Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 23-годишна кумановка, постапувајќи по претходна пријава дека на наплатна станица Романовце питачела со нејзиното едномесечно бебе. Мајката била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава
Во текот на вчерашниот ден е приведен и 42-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:30 часот физички нападнал 22-годишно лице од Куманово, а потоа му се заканувал со остар предмет. Напаѓачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници вчера лишиле од слобода 42-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот татко. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.