Приведена кумановка, признала дека подметнала пожар

Полициски службеници од СВР Куманово, по преземени мерки и активности, ја лишиле од слобода М.З.(24 години) од Куманово. Таа се сомничи дека во 2019 година подметнала пожар во куќа на улица „Гоце Делчев“. Таа била приведена во полициска станица и во службен разговор го признала делото. По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.