Полициски службеници од СВР Куманово во текот на вчерашниот ден и ноќеска привеле две лица осомничени за кражби.
Ноќеска, во раните утрински часови полицијата открила на дело 30-годишен жител на селото Романовце. Тој бил затекнат внатре во куќа во истото село, додека се обидувал да одземе предмети.
Претходно, вчера попладне бил лишен од слобода и 32-годишен кумановец. Тој се сомничи дека на првиот ден од новата година насилно влегол во деловен простор на градскиот плоштад „Нова Југославија“ и извршил кражба.
Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни пријави.