Секторот за внатешни работи Куманово соопшти дека на 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници лишиле од слобода 45-годишен кумановец. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Приведениот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.
Вчера попладне во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 23-годишен кумановец, соопштија надлежните. Тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела тешки кражби, семејни насилства и злоупотреба на лични податоци. Бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следуваат соодветни пријави.
Од СВР Куманово информираат дека вчера попладне во 17:55 часот на булевар „Октомвриска револуција“ полициски службеници лишиле од слобода 18-годишен кумановец. При контрола на патниот сообраќај полициски службеници запреле мотоцикл „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управува без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Ноќеска, во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 29-годишна кумановка затоа што физички го нападнала нејзиниот вонбрачен сопруг. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.