Приведено лице од Опае за нелегално поседување оружје

Полициски службеници од СВР Кумановo лишиле од слобода жител на селото Опае, општина Липково, по претходно објавена видео снимка на социјалните мрежи од пукање од оружје.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Екол” со 22 куршума и ловечка пушка „Застава”, за кои не поседувал дозвола.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)