Приведен крадец, одземеното е вратено на сопственикот

Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода кумановец на возраст од 41 година.

Тој се сомничи дека истиот ден одзел предмети од бензинска пумпа на улицата „Железничка станица“ Куманово.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)