Секторот за внатрешни работи Куманово соошти дека вчера во 16 часот во село Младо Нагоричане, полициски службеници лишиле од слобода 32-годишен кумановец. При контрола на патниот сообраќај бил запрен мотокултиватор без регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управува нерегистриран и без возачка дозвола, информираат надлежните. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.