Приведен кумановец за извршени кражби

26- годишен кумановец е лишен од слобода претпладнево во 11 часот, соопштија надлежните. Според СВР Куманово, приведениот се сомничи дека извршил кражба во објект на јавно претпријатие во селото Проевце и во деловен објект на улица „Иво Лола Рибар“ од каде што одзел повеќе предмети.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)