Дваесет и деветгодишен кумановец рано утринава бил приведен под сомнение дека вчера извршил кражба во деловен објект.
Според СВР Куманово, рано утрово во 03.50 часот, полициски службеници лишиле од слобода 29 годишен кумановец. Тој се сомничи дека претходниот ден извршил кражба во деловен објект на улица „Гоце Делчев“ од каде одзел повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.