Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода 48-годишен кумановец.
Тој се сомничи дека на 08 април годинава од возило „шкода“, сопственост на 28-годишно лице од Куманово, одзел платежна картичка и вршел трансакции со неа.
Кај приведениот била пронајдена платежната картичка и пари кои биле вратени на сопственичката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.