Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера попладне откако полицијата дома му пронашла оружје, но и дигитални ваги. Според МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол, куршуми, дигитални ваги и пари.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.