Во организација на НВО Пулсот на демократијата од Куманово, вчеравечер во Занаетчискиот дом се одржа културно – уметнички настан на кој беа презентирани 25 цртежи со модни креации, остварувања на 22 ученици од насоката моден дизајн од средните училишта „Перо Наков”, Сами Фрашери” и „Наим Фрашери”.
На учесниците им беа доделени награди за првите три места и сертификати за учество на натпреварот, плакети и благодарници за претставниците од општина Куманово.