Продолжува кампањата ,,Првата помош спасува живот‘‘

Црвен крст на Македонија – Општинска организација Куманово од први септември годинава продолжи да ја спроведува кампањата по прва помош под мотото ,,Првата помош спасува живот‘‘ наменета за ученици од основни и средни училишта на возраст од 12-18 години на територија на Република Северна Македонија во која учениците ќе се стекнат со основите на првата помош. Главна цел на кампањата е да се подигне свеста кај младата популација за значењето на првата помош како животоспасувачка вештина. Општинската организација Куманово во тек на месец ноември одржа неколку обуки во ООУ ,,Крсте Мисирков“ во која беа опфатени 195 ученици и 15 наставници. Учениците и наставниците се запознаа со основите на првата помош, со основните вештини на згрижување и дејствување и ќе продолжиме понатаму се до исполнување на нашата цел да се опфатат што е можно повеќе младинци кои ќе се стекнат со основните вештини за првата помош.

Коментари

коментар(и)