Производство на кафе во течна форма во „Кафе ди Артисан“

„Кафе ди Артисан“ во Куманово е една од компаниите – корисници на финансиска помош од државата по Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Деновиве во посета на компанијата која произведува течно кафе во капсули за странски пазари беше директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Дејан Павлески кој истакна  дека поддршката за компаниите ќе продолжи и во наредниот период, а целта е да тие да извезуваат, да се развиваат и да ја развиваат економијата на државата.

– „Кафе ди Артисан“, годинава почнува со производство на претходно склучен договор со Владата и оној инвестициски план проект којшто го имале зацртан. Инвестицијата е околу 900.000 евра сега засега, со тенденција од година во година да расте. Со менаџерот сега ќе имаме средба, комуницираме редовно и знам дека имаат досега осум вработени и нонстоп се отвораат нови работни места имаат план тоа да продолжи и во наредната година и со инвестиции и со нови работни места, изјави Павлески.

Павлески нагласи дека компаниите без разлика дали се странски или домашни, кои инвестираат во ново производство, ги зголемуваат вработувањата со повисоки плати за вработените, оние кои ја зголемуваат нивната конкурентност, освојуваат нови пазари во странство, ги извезуваат производите, инвестираат во технолошки развој, во обуки ќе добијат поддршка.

Благоја Трајчев, менаџер на операции на фирмата „Кафе ди Артисан“ на глобално ниво, рече дека фабриката во Куманово започнала да се гради во 2018 –та година, дека инвестираат во опрема, нова технологија за производство и

-Во моментов работиме на зголемување на капацитетите на производството.  Очекуваме неколкукратно да ги зголемиме до февруари месец 2021-та година, а ќе имаме и нов бран на вработувања на локален кадар. Засега има осум вработени и планираме барем уште едно вработување во 2020-та , а околу февруари месец ќе има нов бран вработувања за две смени.

Оваа компанија има мрежа на свои фирми во странство и извезува инстант кафе во течна форма во Глазгов, Дубаи, Америка по таинствен технолошки процес, по пат на топла екстракција. Нуди и биоразградливи капсули со кафе наменети за домашна употреба, хотели, ресторани, изјави Благоја Трајчев, менаџер за операции на фирмата „Кафе ди Артисан“

Компанијата „Кафе ди Артисан“ се наоѓа во кругот на поранешната фабрика „Киро Фетак“.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)