Во организација на Друштвото на писатели – Куманово, вчеравечер во Занаетчиски дом се одржа промоција на првата аудио книга под наслов „Божиќен стихозбир, објави Општина Куманово. Според објавата, присутните имале можност да проследат и видео презентација на активностите околу организација на овој настан, се до пристигнувањето на Бадниковата поворка на градскиот плоштад, кога стотици деца традиционално го најавија Христовото раѓање.
На настанот се обрати Елизабета Павловска, претседателка на Друштвото на писатели – Куманово, а беа доделени признанија и симболични награди за најдобрите Божиќни творби на ученици од општински основни и средни училишта. Се доделија и благодарници на сите учесници, кои дадоа свој придонес во создавањето на аудио книгата и помогнаа да се реализира овој традиционален културен проект.
Во рамките на културно – уметничката програма настапија членови на хорот при УОМО „Панче Пешев”, со интерпретација на Божиќни песни каланди.