Поради неповолни временски услови, промоцијата на долгометражниот документарен филм „Последна карта“ од м-р Анита Стојчевски, кустос советник – етнолог се одложува за 30 септември (вторник), иако претходно беше најавена за вечерва. Локацијата за прикажувањето на филмот остануа иста, во Лапидариум на НУ Музеј Куманово со почеток во 19.30 часот.
Инаку, во рамките на Европските денови на културното наследство во Занаетчискиот дом неделава беше прикажан етнолошкиот филм „Макраме“ по сценарио на Надица Петковиќ, кустос советник – етнолог во НУ Музеј Куманово.
Вчера во просториите на Музејот беше одржана работилница на тема „За занаетите со младите“ со м-р Мартин Наковски , виш кустос – етнолог.
Учесници во работилницата беа ученици од основното училиште „Вук Караџиќ“.
Следната седмица, во понеделник, во 13 часот во Лапидариум на НУ Музеј ќе биде отворена изложбата „Ликовна колонија Куманово 2024“ од Драгана Спасковска , кустос советник историчар на уметност.