Промоција на збирка „Куманово низ мозаик од зборови”

Во организација на кумановската библиотека Тане Георгиевски се одржа промоција на поетската збирка „Куманово низ мозаик од зборови”, во салата на Занаетчиски Дом.

Низ хумористични и лирски песни собрани во оваа збирка, се отсликува животот на кумановци, нивниот темперамент и карактерни особини својствени за оваа поднебје. Целиот приказ го надополнува изразувањето на кумановски дијалект.
Во создавање на оваа уникатно поетско дело учествувале членови од неколку литературни друштва од нашиот град, меѓу кои Друштвото на писатели, здружението на жени „Нада Михајлова”, „Обденица” и Клубот на книжевни творци „Симбиоза”.

Коментари

коментар(и)