Вечерва со почеток во 19 часот, во малата сала на Центарот за култура, ќе се одржи промоција на книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска. Промотор на книгата е Александра Филиповска Јанковиќ. Настанот е дел од годишната програма за литература за 2022 година поддржана од Министерство за култура.
Симона Петреска е родена во 1980 година, во Скопје. Дипломирала педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје. Денес е автор, мотиватор и животен тренер.