Пронајден кокаин во домот на 33-годишен кумановец

МВР информира дека полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово лишиле од слобода  33-годишен кумановец. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен кокаин, соопштија надлежните.

Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)