Пронајден починат мигрант во селото Речица

Во Речица вчера било пројандено безживотно тело на мигрант. Според СВР Куманово,  на 10 февруари во 16.03 часот во полицијата било пријавено дека во водите на езерото во с.Речица било пронајдено тело на машко лице – мигрант.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител по чија наредба телото било дадено на погребално претпријатие, информираат од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)