Ракометарките на Куманово се пласираа во финалето на Фајнл фор турнирот од Купот на Македонија откако викендов го совладаа Пелистер во рамките на финалето од групата четири. Со резултат 27:32 кумановки славеа над Пелистер во мечот кој се одигра вчера. Со 11 погодоци брилираше Пена Граматова, еден помалку имаше Габриела Величковска, додека со осум одбрани на листата најдобри се впиша и голманката Симона Грујовска. Освен Куманово во финалето на фајл фор се пласираа и екипите на Вардар, Ѓорче Петров и Металург.
Ракометарките во финалето на Фајнл фор турнирот
