По соопштението на советниците од СДСМ и Коалицијата во соопштение до медиумите испрати реакција и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.
Во реакцијата се вели:
-Седумнаесеттата седница на Советот на Општина Куманово беше прекината поради немање кворум за работа. После дадената пауза од пет минути голем број од советници не се вратија на седницата и најавија отсуство и покрај тоа што координаторите на советничките групи беа на координација за седумнаесеттата седница на Советот и не најавија отсуство на нивни советници од седницата. Согласно Деловникот ја прекинав седницата и најавив дека продолжението на истата дополнително ќе биде закажано, истакна Ѓорѓиевска во реакцијата.