Во Националната установа Музеј Куманово деновиве беше отворена изложба на авторот Мирослав Петковски, виш кустос – археолог, посветена на 25-годишнината од откривањето и научната афирмација на мегалитската опсерваторија Кокино – еден од најзначајните археоастрономски локалитети во нашата земја.
Преку фотографии, документи и археолошки сведоштва претставени се значењето на Кокино, неговите археолошки и астрономски вредности, како и 25-годишниот пат на истражување, проучување и меѓународна афирмација на овој исклучителен локалитет.
Изложбата е посветена на археологот Јовица Станковски како израз на почит и признание за неговиот придонес во откривањето, истражувањето и афирмацијата на Кокино.