За 1.150.000 денари се зголемени средствата за актуелни три мерки од Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2026 година.
Со одлука на Советот на Општината, дополнителни 300.000 денари од општинскиот буџет одат за мерката- обезбедување помош за домување, 200.000 денари за народна кујна и 650.000 денари за повластено користење на паркинг услуги.
Потребата од зголемување на финансиските средства за овие мерки ја образложи раководителот на Секторот за култура, спорт, здравствена и социјална заштита Дејан Стојановски.
Видеото по вестите во 18 часот.