Ристовски: Да се пријави дискриминацијата !

Локалното координативно тело за заштита од дискриминација во соработка со невладината организација Хера денеска ги претстави своите проектни активности , а промовираше и спот за препознавање на дискриминација и како и каде може да се пријави. Локалното координативно тело е мултисекторско постојано тело на општина Куманово во кое членуваат претставници од различни институции и граѓански организации од Куманово. Сите тие заеднички разменуваат информации и преземаат активности во насока на превенција, препознавање и заштита на сите форми на дискриминација на локално ниво.

Заменик народниот правобранител Насер Весели, како член на локалното тело, рече дека граѓаните освен кај другите институции и органи за заштита од дискриминација од денеска ќе можат да се обратат и кај локалното тело со верба дека ќе најдат вистинско место каде што ќе можат не само да пријават дискриминација, туку и ќе добијат соодветна помош за заштита при евентуална дискриминација.

-Постоењето на ова тело не значи дека другите органи и институции како што се народниот правобранител, центар за социјални работи, полицијата, обвинителството и судот кои во своето работење се соочуваат и со заштита од дискриминација ќе губат на нивната тежина и важност , туку напротив очекувам дека телото освен што ќе биде од голема полза за граѓаните , истовремено ќе претставува поддршка и поттик на овие органи и установи и други субјекти. Целта ќе се постигне само со меѓусебна соработка и координација. Очекувам дека граѓаните од денеска подобро ќе ја запознаат дискриминацијата и ќе најдат уште еден сојузник и заштитник во случаите, ако евентуално се дискриминирани, изјави Насер Весели, зам.народен правобранител

Проектната координаторка од Хера, Елена Петровска потенцираше дека различноста во Македонија е секогаш на прв удар на понижување, усрамување, дискриминација, особено ако станува збор за припадниците на ЛГБТ заедницата заради тоа што за оваа заедница најмалку се зборува и луѓето имаат најголеми стереотипи, предрасуди.

-Она кое што ние го работиме во рамките на проектот Собранието и локалните самоуправи во унапредувањето на правата на ЛГБТ е на две нивоа, национално и локално. Целта на проектот не е само спроведување на проектни активности туку и поттикнување на граѓаните да пријават повреда на човековите права, да се заинтересираат за своите права и слободи, да се информираат и доколку забележат по било кој основ, работни односи, сексуална ориентација, друга повреда на право може да пристапат кон некој член на мултисекторското  тело. Целта е граѓаните во нашата држава да се охрабрат , да се поттикнат да побараат помош,  а не да бегаат од институциите мислејќи дека нема кој да им помогне, изјави Елена Петровска, проектна координаторка од Хера

Координаторот  за еднакви можности на мажите и жените при општина Куманово , Цоки Ристовски  потсети дека локалното координативно тело е формирано со одлука од страна на Советот на општина Куманово на почетокот на 2017 –та година, а врз основа на Меморандумот кој општина Куманово  во 2016 –та го потпишала  со невладината организација Хера.

-Комисијата за еднакви можности при советот на општина Куманово активно треба да се вклучи во изготвување на нова Стратегија за заштита од дискриминација и акциониот план.  Изработката на стратегијата е во почетна фаза која што ќе биде завршена во наредните 4-5 години.  Оваа година советот на општината усвои акционен план за 2018 ,  за кој ние на почетокот на наредната година ќе поднесеме извештај до советот.  Сакам да апелирам до граѓаните кои што мислат или чувствуават дека нивните права се загрозени може да пријават во локалното тело, а  тоа понатаму  ќе даде препораки каде можат да ги остават своите права, изјави Цоки Ристовски, координатор на ЛКТЗД

Локално координативно тело го сочинуваат координаторот од општина Куманово, претставник на народниот  правобранител,  претставник на министерството за правда за пружање на бесплатна правна помош и претставници на невладини организации.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)