Регионалниот центар за управување со кризи Куманово известува дека насобраните гранки на мостот на реката во село Проевце, пријава која беше на ден 24 ноември годинава, се уште не се расчистени.
За истото запознаени се ЈП „Чистота и зеленило“ и ЈП „Водостопанство“, но истите немале соодветна механизација за отстранување на гранките. Според известувањето од лицето за контакт од Општина Куманово, за ова се информирани и одговорните лица од Општинскиот кризен штаб и од нивна страна се правеле напори за решавање на настанатата ситуација, информираше РЦУК.
фото: Kumanovo news