Санкционирани 192 возачи во државата

МВР во текот на вчерашниот ден работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 192 возачи.

Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 117 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 75 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)