Санкционирани 226 возачи во земјава

Во текот на вчерашниот ден (22.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 226 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)