ВИДЕО: „Светски спортски легенди кај семејството Марковиќ“ во Старо Нагоричане

„Светски спортски легенди кај семејството Марковиќ“ е насловена манифестацијата што беше организирана на 15 јуни годинава во селото Старо Нагоричане. Настанот беше во организација на Чедомир Марковиќ, пензиониран старешина, успешен бизнисмен, голем хуманитарец и спортски работник, кој што живее во Скопје, а потекнува од Старо Нагоричане.

Како што вели Марковиќ, неговата цел е остварена, односно успеа на едно место и во исто време да ги собере најголемите спортски легенди од поранешна Југославија и Македонија, бокс носители на светски и олимписки медали, олимписки шампион во борење и фудбалски легенди од Македонија.

Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Вујадин Станојковиќ, Тадија Качар, Шабан Трстена се само дел од врвните спортски имиња кои што го испочитуваа Марковиќ и со своето присуство ја збогатија целосната програма на манифестацијата „Светски спортски легенди кај семејството Марковиќ“.

Повеќе информации и детали за манифестацијата од разговорот со организаторот Чедомир Марковиќ.

Коментари

коментар(и)