СВР Куманово апелира да не се палат отпадоци и стрништа

Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните, особено земјоделците, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите.

„Да се воздржат од палење огнови кои можат брзо да пламнат и да се прошират односно да нанесат огромна штета. Секој што на било каков начин ќе предизвика пожар, ќе се соочи со ригорозни казни, а предвидени се и затворски казни“, соопшти СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)