Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека на 08.01.2026 во 15:20 часот, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка.
„Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопштија надлежните.